Овации и аплаузи во преполната сала на МОБ: Децата од градинката Корчагин го презентираа проектот ,,Музико си ла си“

Децата од градинката Корчагин го презентираа проектот ,,Музико си ла си“  во кој беа претставени повеќе жанрови на музика преку танцувачки перформанс, од барок ,преку рок,ча ча ча ,самба, хип хоп.

На крајот, на воодушевување на сите, со сплет од македонски ора и песни на оригинален начин ја воодушевија публиката и пошироката јавност.

Децата од градинката ја почувствуваа големата сцена, а салата беше преполна со горди родители. Сите присутни го наградија перформансот на децата со голем аплауз и овации.


Градинката Корчагин уште еднаш покажа дека и со деца може да се работат вакви проекти. Претходно го изведоа првиот детски мјузикал, и снимија песна за Велигден.

Инволвирањето на децата во ваков тип на проекти е одличен подвиг за издигување на  здрави идни генерации.