
ЈП Водовод и канализација извести дека во понеделник со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок Ф80мм на улица 20-ти Октомври бр.42, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.