Оваа скопска општина е пример како се посветува внимание на децата

Стотици дечиња заедно со своите родители вчера беа дел од спортско-забавната манифестација што се одржа во паркот „Авион“ во Аеродром, а со која го испратија летниот распуст и со многу игра ја дочекаа новата учебна година.

- Младите низ различни активности неколку часа се забавуваа, другаруваа и спортуваа. Забавниот настан го отворија „Поточиња“ со нивните весели детски песнички. Забавата продолжи со детска трка со баланс велосипеди што внесе многу забава и смеа во целиот настан, а дечињата се запознаа и со разни содржини и добија можност да изберат спорт со кои би почнале да се занимаваат во иднина, а целиот настан беше збогатен со многу изненадувања за најмладите, велат од локалната самоуправа. 

Општина Аеродром ја продолжува традицијата на одбележување на сите настани кои се од огромно значење за најмладите, со цел да се промовира македонската музика, и да се издигне забавниот живот во општината на повисоко ниво, а најважно од сè е уште повеќе да се подигне свеста за потребата и користа од спортувањето, порачаа надлежните.