Оваа скопска општина е лидер по станбени градби: За еден месец почнале да се градат 572 стана

Со добиени градежни дозволи за изградба на 572 стана, општина Карпош дефинитивно е лидер по станбена градба во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Овој тренд на експанзија на изградба на станови во Карпош засилено почна да се зголемува од почетокот на годината. Претходно според издадените градежни дозволи за станбени објекти на прво место беше општина Аеродром.

Според последните податоци на Заводот за статистика, според број на издадени одобренија за градба на станови во септември на второ место е општина Струмица каде е предвидено да се градат 76 стана, потоа следи Тетово со 70 станови, Битола со 42 стана и Велес со 37 стана.

Според статистичарите во овој период предвидена е градба на вкупно 1.009 станови во вкупна површина од 78.134 метри квадратни. Најголем дел од новите станови кои што ќе се градат се трособни и двособни.