Оваа скопска населба има едно заедничко име за две населби во северно Скопје

На крајот на XIX век Бутел било мало село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бутелъ живееле 84 Македонци христијани.

На почетокот на XX век целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. Бутел имал 128 жители, сите Македонци.

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележлил Бутел като македонско село.

Населението нагло пораснало по земјотресот од 1963 г., кога е подигната урбана населба за сместување на обездомените.

Блаже Kоневски, кој ја проучувал етимологијата на зборот „бутел“, а истовремено и „битола“ и ги доведува во врска, доаѓа до сознание дека нивниот заеднички корен е „бутела“ или „бутели“. Тој вели дека коренот на зборот „бутел“ е старословенски, што значи дом или жилиште, со значење вкоренетост. Човекот некогаш своите живеалишта ги врзувал за плодни места и оттука значењето на Бутел и Битола, односно дом или вкоренетост.

Бутел е заедничко име за две населби во северно Скопје. Двете населби се Бутел I и Бутел II.

Легендите за настанокот на скопските населби:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани

Капиштец 

Водно

Крњево

Дебар Маало

Даме Груев

Лисиче