Оваа сабота забава за најмалите во скопската Зоолошка градина

Оваа сабота (1 октомври) од 12:00 часот во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи настан од музичко едукативниот проект „ЗОО Азбука“ заедно со Детски културен центар „КАРПОШ“, информираа од скопската Зоолошка. 

Настанот е во рамки на осумнаесетата „Бела ноќ“ во Скопје, под мотото „Ја славиме уметноста“.