Оваа сабота Скопје ќе биде домаќин Европското првенство во танци

Европското првенство по танци започнуваа оваа сабота, а на истото ќе биде домаќин градот Скопје. Натпреварите ќе се одржат во „Ист-Гејт-Мол“ и Спортски Центар Јане Сандански.

На првенството ќе учествуваат најдобрте танчери од цела Европа и тие ќе имаат за цел да се претстават себеси, својот тим и земја во најдобро светло во ХИП ХОП битките.

„Европското првенство во танци 2022 ќе биде искуство со нон-стоп музика, танцување и добри вибрации. Скопје, како домаќин на Европското првенство во танци 2022 ќе спои танцови уметници и кореографи од цела Европа за да го споделат најдоброто од хип-хипот со публиката, а во недела (3 јули), во склоп на првенството, Сара Јовановиќ, позната како Сара Jо, која е една од најпрепознатливите имиња на регионалната поп и хип-хоп сцена ќе направи спектакл за памтење“, велат организаторите на првенството.