Оваа сабота поделени 195 ланч пакети

Хуманитарната организација „Вистински дела на љубезност“ заедно со „Ретвитни оброк“ и покрај состојбата со коронавирусот и полицискиот час и оваа сабота успеаја на бездомниците да им поделат 195 ланч пакети, на четири локации во Скопје, при тоа запазувајќи ги сите препораки и насоки во вакви случаи.

Оттаму велат дека анимирале голем број граѓани и фирми кои несебично донирале и собрале: 133 конзерви сардина, 26 конзерви туна, 196 парчиња месен нарезок, 63 паштети, 61 конзерва со полуготов грав, како и 26 конзерви грашок, 10 конзерви гулаш, 15 кесички мајонез, 135 парчиња леб и 1 килограм овошје.

– Имаше и определени количини на млеко, сокчиња, колачи, бисквити и друго. Тие ќе бидат составен дел на пакетите со храна кои се носат на загрозени семејства во текот на оваа недела – информираа од „Вистински дела на љубезност“.