Оваа природна намирница е поевтина и повеќе корисна од сите спортски пијалоци

Кога на мечот на Австралија опен годинава во јануари тенисерката Коко Вандевеј одби да игра ако не и биде обезбедна банана, многумина го исмеваа нејизното барање. Сепак, едно ново истражување покажа дека спортистката била во право.

Како и спортските енергетски пијалоци, и бананите се полни со шеќери. Една банана со средна големина содржи околу 15 грама шеќер кој ги снабдува мускулите се енергија. На тој начин се овозможува долг и интензивен тренинг и подбрзо заздравување на организамот, пишува „Њујорк тајмс“.

Спортските пијалоци немаат дополнителни корисни дејства кои ги има бананата како што е внесување на влакна и витамин Ц и Б6 во организамот.