Оваа населба е поранешно село: Беше и остана едно од најубавите места во Скопје

Оваа населба е поранешно село и  е дел од  општина Бутел, во околината на градот Скопје.

Визбегово се наоѓа 6 километри северно од Скопје и 2 километри јужно-западно од Шуто Оризари. Населбата е поврзана со магистралата Скопје - Приштина (Качанички пат).

Името Визбегово по некои сознанија од старите жители потекнува од времето кога Турската империја ја окупирала оваа територија. Во овој дел на денешно Визбегово владеел бег кој се викал "Визбег" па и од тука доаѓа името "Визбегово".

Старите жители на Визбегово исто така раcкажаа дека бегот кој што владеел во местото на денешно Визбегово, се населил токму во овоа место, затоа што оваа населба беше и остана едно од најубавите места во Скопскиот регион.