Оваа намирница го намалува ризикот рак на дојка, а скоро сите ја имаме во домот

Многумина би ја избегнале оваа намирница поради непријатниот мирис, сепак конзумирањето лук е многу здраво и многу нутриционисти го препорачуваат во превенцијата од многу болести, меѓу кои и ризикот од карцином на дојките.

Секојдневното конзумирање лук значително го намалува ризикот за заболување од рак на дојката кај жените. Ова е докажано и со едно од последните истражувања спроведени во Порторико, во кое биле вклучени околу 600 жени. 

Било утврдено дека оние кои конзумираат лук секојдневно имаат помал ризик од 67% за развој на рак на дојката. Меѓутоа, ефектот е посилен доколку лукот се јаде необраобтен, во сирова форма. 

Нутриционистите истакнуваат дека тоа се должи на антиоксидантите кои се наоѓаат ов лукот, а кои штитат од различни болести.

Некои претходни истражувања посочуваат дека редовното јадење лук го намалува и ризикот од рак на белите дробови, простата и цревата.