Оваа локација од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре, 25.11.2022, поради дефект на огрлица на крстосницата Рајко Жинзифов /Киро Крстевски Платник, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истите улици.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.