Оваа ќе биде прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Ако изминатиот период ви беше тежок поради ретроградниот Марс, ќе го цените тоа што ви го носи оваа недела. 

Ова ќе биде особено убава недела за 3 хороскопски знаци.

Лав – ги откривате своите супермоќи

Доаѓа убава недела за вас, драги Лавови. Вашиот знак е поврзан со петтата куќа на задоволство и забава, а оваа седмица е особено прекрасна за тоа. Време е да излезете на сцена и да ги покажете своите таленти. Најдете го детето во себе и опуштете се и не се плашете од неуспесите. Испејте ја вашата омилена песна.

Шкорпија – сите ве забележуваат

Не е важно дали ќе носите секси облека или само ќе трепкате со очите, бидејќи сите луѓе околу вас ќе забележуваат се за вас. Тоа е благодарение на Венера, која ви носи многу пораки на социјалните мрежи. Сепак, најважна е љубовта која си ја давате себеси, не заборавајте на тоа оваа недела.

Стрелец – го живеете сонот

Изминативе недели беа малку чудни за Стрелците. Сонцето е во вашата 12 куќа на потсвеста, така што ќе успеете да погледнете во себе и да почувствувате силна самодоверба да постигнете што и да посакате. Запаметете кои сте и каде сакате да одите.