Оваа каша е совршениот оброк со кој треба да го почнете денот!

Наутро кога ќе се разбудиме, особено е тешко да се извлечкаме од кревет и да ја најдеме нашата утринска мотивација и инспирација за да го извлечеме најдоброто од новиот ден. Затоа пред да си го сварите најубавото кафе во денот, одвоете 10 до 15 минути и направете ја оваа овесна каша која колку што е вкусна, толку е и здрава!

Не ви се потребни голем број на намирници, а не се чудете доколку несвесно успеете да ги пронајдете сите состојќи во вашиот дом. 

Сѐ што ви е потребно за да ја приготвите кашата која ќе ве разбуди и ќе ви даде сила за да бидете најдобрата верзија од себе е следново:

  • една банана

  • 2 големи лажици чоколадно какао

  • 250 мл млеко

  • 5 големи лажици овесни снегулки

  • 1 голема лажица чија

  • јаготки или малинки

  • едно редче црно чоколадо

  • оревчиња

  • сушено овошје

Најпрво во мала чинија ставете половина банана и истата изгмечете ја со виљушка. Потоа ставете 5 големи лажици овесни снегулки, 1 голема лажица чија, 2 големи лажици чоколадно какао и измешајте. Додадете го млекото и повторно измешајте.

Чинивчето ставете го во микроранова печка 5 минути. Потоа кога е готово, исечете ја бананата која ви остана и поставете ја одозгора како декорација. Наредете парчиња јагоди или малини до бананата и ставете еден ред оревчиња и уште еден ред сушено овошје. По избор може да додадете и едно редче кршено црно чоколадо.

Наздравје!