Оваа година, се ставам себеси на прво место

Оваа година, себеси се ставам на прво место.

Нема да останувам доцна, чекајќи на некој да одговори на моите пораки. Наместо тоа, ќе го исклучам мојот телефон, ќе прочитам убава книга и ќе се обидам да спијам осум часа. Нема да барам нечие внимание, туку ќе се грижам само за оние луѓе на кои им значам.

Ќе среќавам нови лица, но нема да се врзувам за нив додека не откријам какви личности се. Нема да им давам милион совети на моите пријатели за нивните врски, додека нив ги нема кога јас имам проблеми. Ќе се обидам да откријам кои се моите вистински пријатели и да бидам тука за оние кои се тука за мене.

Ќе ги потсетам моите вистински пријатели за тоа колку вредат и колку ги сакам. Нема да мислам дека успехот доаѓа само со бракот и имањето деца. Нема да мислам дека другите околу мене се посреќни и имаат сѐ.

Мојата вредност е голема. Јас вредам повеќе од невозвратените повици и пораки. Нема да си дозволам да се критикувам себеси и да се опседнувам со негативни мисли поради други луѓе. Ќе се трудам позитивно да размислувам, да заборавам на депресијата и апатијата и да не мислам дека секогаш вината лежи во мене.

Се додека наоѓам среќа во себеси, изборите кои ги правам се само мои, и го живеам својот живот на своја одговорност.

Оваа година ќе продолжам да се развивам, да ги сакам луѓето околу мене и светот. Оваа година ќе се смеам повеќе.