Оваа глетка од околината на Ѓорче Петров ќе биде минато - се чистат неколку локации

Оваа глетка од фотографијата наскоро ќе стане минато. 

Од локалната самоуправа на скопската општина Ѓорче Петров информираат дека продолжуваат со активности за расчистување на дивите депонии на повеќе локации во општината со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија.

-Расчистуваме во делот на индустриската зона на Шарпланинска, по што ќе продолжиме и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар. Ѓорче станува чиста општина, порача градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.