Ова треба да го знаете ако по вакцинацијата се заразите со коронавирус

Случаевите на заразување со коронавирус по вакцинација и понатаму се многу ретки во сите држави во светот.

Од центарот за контрола и превенција за болести ниту го потврдуваат ниту го негираат ова тврдење, но велат дека „постојат некои докази дека вакцинацијата може болеста да ја направи помалку сериозна“.

На пример, околу 27 отсто од откриените инфекции по вакцинација биле асимптоматски. Тоа не значи дека сериозни исходи не се невозможни.

„Вакцинацијата и понатаму предизвикува одреден имунолошки одговор кој му помага на вашето тело во борбата против инфекцијата, а тоа преминува во поблага инфекција. Веројатно и можноста за пренесување е помала“, тврди Тејлор Нелсон.

Не постои јасен индикатор за полот и за возраста.

Не постојат јасни докази околу тоа кој е во поголема опасност од повторното заразување – мажите или жените. Не постои ниту јасен индикатор за тоа која група на луѓе би можела да биде поизложена на зараза по вакцинацијата.

Исто така, не е уште сосема јасно колку долго трае имунитетот по вакцинацијата, иако истражувањата покажуваат дека тоа е најмалку шест месеци. 

„За жал, само времето може да ни покаже колку вакцините ќе бидат ефикасни. Мислам дека тоа е најмалку една година, но нема да имаме јасна слика за тоа се’ до следната есен или зима“ раскажува Нелсон за Хафингтон Пост.

Многу е важно да се следат препораките на докторите по вакцинацијата. 

Светската здравствена организација постојано ги менува своите насоки за тоа што луѓето смеат по вакцинацијата.

Во ред е да се соберете со мала група пријатели на отворено без маски, или да одите на прошетка или да возите велосипед.

Вакцините против ковид 19 кои се моментално достапни овозможуваат силна заштита, но многу е важно и понатаму да се води грижа за личната безбедност.

„Фактот дека постојат заразени луѓе и по вакцинацијата не значи дека вакцината е неуспешна. Ако сте во близина на луѓе кои не се вакцинирани или сте во близина на некој кој не смее да се вакцинира, ако сте во простор со лоша вентилација (лифт) или во гужва, би требало да носите маска“, наведува Нелсон.