„Ова се срамни и очајни реклами“, велат твитерџиите за пропагандата за обложување која ја прават познатите македонски спортисти

Светкави реклами, со апарати за обложување во позадина. Кире Лазаров, Горан Пандев, Игор Стефановски – Иџе се само дел од спортистите кои се појавуваат во рекламите на Државна видеолотарија, а со кои се промовира он – лајн обложување. Успешни спортисти шират пропагна која може да биде сериозен порок помеѓу младите. 

На самата веб страна на Државната видеолотарија освен можност за обложување нудат и совети за оние кои се зависни од оваа игра. 

- Барање помош за зависноста е логичен избор на личноста која е во индискретна ситуација предизвикана од компулсивна игра. Разговорот со стручен кадар помага и го насочува поединецот да го реши проблемот, советуваат тие. 

На оваа тема, деновиве пишуваа и коментираа твитерџиите кои се согласни дека ваквите кампањи се срам и го рушат угледот на популарните и успешни спортисти.

- Овие реклами се срамни и очајни. Каква порака сакаат да им испратат на нашите деца кои во нив гледаат идоли и сакаат да се угледаат на нивните успеси. Легенди наши. Се посравте. Срам да ви е, вели еден до твитовите кои успеа да влезе помеѓу најпопуларните твитови изминатите неколку денови.

Твитерџиите во коментари велат дека се согласуваат со оваа констатација и велат дека со пари се може да се купи се што ќе посакаш, но и достоинство. Кој е вашиот став на оваа тема?