Ова се причината за нападот и идентитетот на лекарот кој беше прободен на Токсикологија

Лекарот, кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско, информира МИА.

Тој е прободен во пределот на грбот со остар предмет од страна на непознато лице.

Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.

Причина за нападот е лична пресметка.

За МИА претходно случајот го потврди и директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, според кого, лекарот е надвор од животна опасност.

Лекарот е повреден кога доаѓал на ноќна смена на работа.