Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Бензините поскапеа за половина а дизелот за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика вчера, стандардно две недели по постедната промена на цените, која се случи пред Велигден.

Според пресметките, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 68 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 69,5 денари по литар.

Дизелот од полноќ чини 60 денари за литар.