Ова се новите цени на горивата во Македонија: Бензините поветинија за денар, цената на дизелот остана иста

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за еден денар, а цената на дизелот остана иста.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 71 денар, на  ЕУРОСУПЕР БС-98 е 73, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму се пордава за 63,50 денари за литар.

За 0,50 денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и чини 52,00 денара.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари и еден килограм се продава за 33,695 ден/кг.