Ова се најубавите чувства на светот, затоа што среќата е во малите работи

Чувствата се најважниот дел од нашите животи. Мирисите, вкусовите, допирите и текстурите се насекаде околу нас. Една од најважните вештини во животот е да научите да уживате и да пронаоѓате среќа во наједноставни работи. Тоа е она што можете да го почувствувате преку кожата, што можете да ги допрете, помирисате или вкусите.

Овој список содржи 30 најпрекрасни чувства на светот:

  1. Да ја соблечете неудобната облека после напоред ден. 

  2. Да го бакнете вашето дете во неговиот малечок, нежен образ. 

  3. Да ги „пукате“ меурчињата од фолињата во која било запакувано нешто што сте купиле.

  4. Првото залче од омиленото јадење. 

  5. Да се фрлите во кревет после долг ден или непроспиена ноќ.

  6. Кога првпат ќе се бакнете со некој што долго ви се допаѓал. 

  7. Мирисот на нова книга.

  8. Првата голтка кафе наутро.

  9. Ноќно шетање по плажа, по топлиот вечерен песок. 

  10. Чиста испеглана облека. 

  11. Шетање на летен дожд.

  12. Ладен туш во лето. 

  13. Убава масажа.

  14. Трчање низ ливада.

  15. Кога ќе ја ставите главата на ладна перница.

  16. Мирисот во воздухот после дожд. 

  17. Кога го галите домашното милениче. 

  18. Кога ладните раце ќе ги принесете до оган за да се загреете. 

  19. Кога конечно ќе кивнете откако неколку пати неуспешно сте се обидувале.

  20. Кога ќе чуете мачка како преде.

  21. Да ги миете забите со нова четкичка за заби.

  22. Чувството кога ќе се напиете чаша ладна вода откако цел ден сте биле излезени во лето.

  23. Чувството на пеперутки во стомак кога се симнувате по голема удолница со автомобил или велосипед. 

  24. Да прегрнете некоја драга личност која долго време не сте ја виделе.

  25. Да се нагрнете со ќебе додека надвор врне дожд.

  26. Да заспиете на свежа постелнина.

  27. Кога од некаде ќе ви дојде познат мирис од детството.

  28. Мирисот на скара.

  29. Кога ќе отворите едно око наутро и ќе сфатите дека е недела. 

  30. Кога ќе ја испиете првата голтка вино и ќе сфатите дека животот е неверојатно убав!

Дали би додале нешто друго на овој список?