Ова се најпопуларни имиња за бебињата во Аеродром

Општината Аеродром лани доделила рекордни 752 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои 358 се машки, а 394 се женски. Од нив, 406 се првородени деца, а 280 се второродени. Во 58 семејства се трето дете, шест бебиња се четвртородени, а има и едно семејство со шест деца.

За разлика од претходните години, во 2015 година најчесто име што им се давало на новороденчиња во Аеродром е Јована за девојчињата и Петар за момчињата. Исто така, многу деца се викаат Михаил, Михаела, Ана, Јана, Марко и Лука. Има и деца со поретки имиња како Миња, Мина, Делфина, Маркијан, Kалист, Kалија, Нестор, Василиј, Звездан и Зафир.

Од Општина Аеродром искрено се радуваат на зголемениот број новороденчиња и порачуваат дека продолжува акцијата за еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од 5.000 денари.