Ова се најлошите љубовни комбинации во хороскопот

За некои хороскопски знаци, подобро е да не впуштаат во романтични односи.

Овен и Бик

Овните имаат цврста волја, додека пак Бикобите се познати по тоа што се многу крути и тврдоглави. Можете ли да ја замислите таа кавга?

Бик и Стрелец

Чести се  моментите кога Бикот сака да ужива во мирната вечера дома, а Стрелецот секогаш сака да прави нешто забавно. Стрелците секогаш ќе сакаат нешто што Биковите не можат да го поднесат, а уште почесто тие не ги сфаќаат работите сериозно, што може да ги исфрустрира Биковите.

Близнаци и Јарец?

Сакате љубовна катастрофа? Само спојте ги овие два знакови. Близнаците познати по својата љубов за постојано зборување и забава и Јарците кои се сериозни и секогаш посветени на работата, никогаш нема да успеат да се договорат за ништо. Таквиот недостаток на спонтаност кој го имаат Јарците веднаш ќе ги избрка Близнаците.

Рак и Водолија

Водолиите имаат слободен дух, додека пак Раковите се независни, па би можеле да помислат дека не сте им потребни, со оглед на тоа дека ним  не им е потребна личност која нема во целсот да биде со нив. Исто така, Раковите сакаат да ги истакнуваат грешките,  додека пак Водолиите сметаат дека се безгрешни.

Лав и Скорпија

Скорпиите нема да се заблагодаруваат ако ги посипувате со комплименти, а Лавовите сакаат многу комплименти и внимание. Исто така, Лавовите веруваат дека се многу шармантни и сакаат флерт, што на Скорпиите не им се допаѓа бидејќи се љубоморни личности.

Девица и Стрелец

Ниту еден од овие два знаци во потполност не сака да се врзува. Според мислењето на Девиците, Стрелците често се однесуваат безгрижно и не водат премногу сметка за своите постапки, додека пак Девиците се многу внимателни со другите луѓе. Но, тие се големи перфекционисти, а Стрелците се претерано лабави.

Вага и Девица

Девиците се често премногу критични, што може да ги натера Вагите постојано да се прашуваат дали е се во ред. Тие често сакаат и да се во право, што ќе им оди на нерви на Вагите кои сакаат само хармонија и мир.

Скорпија и Овен

Овие два знаци се карактеризираат со зборот „експлозивност“. Тие се интензивни и борбени личности кои едноставно не можат да бидат заедно во иста просторија. И двата знаци сакаат да имаат потполна контрола и да бидат на врвот, што е сигурен рецепт за пропаст.

Стрелец и Јарец

Освен што меѓу овие знаци недостасува постојана хемија, Стрелецот би можел често да биде фрустриран, бидејќи Јарецот никогаш нема да ја разбере неговата постојана потреба за забава.

Риби и Девица

Рибите се најчувствителниот знак, но и многу идеалистички знак што е различно од реалните и приземјени девици. Иако често се вели дека спротивностите се привлекуваат, сепак тоа не важи за овие знаци.

Рак и Близнаци

Оваа двојка може да успее само со добра смисла за хумор. Раковите сакаат да бидат дома, а Близнаците да одат на забави и покажуваат мало трпение за постојано емотивните Ракови.

new nike air max 2019