Ова се најемотивните и најтрогателни фотографии од страшниот земјотрес во Турција!

Светот не престанува да сочувствува со Турција и Сирија каде бројот на жртви од земјотресите се искачи на над 33.000.

Потресни приказни и фотографии оттаму пристигнуваат секој миг, а човек едноставно не може да остане имун на трагедијата која му се случи на невиниот народ. 

Изминатите денови потресни слики доаѓаа од урнатините каде спасувачи од многу држави помагаат во трагањето по преживеани. 

Кои моменти најмногу ја трогнаа јавноста? 

Ова се фотографиите кои несомнено растреперија голем број срца и насолзија голем број очи:

Изразот на ова мало лице и блескавите очи говорат многу повеќе од секој збор! Малечкото преживеа под уранитините!

Се случи и породување. Новороденчето било спасено повеќе од 10 часа по земјотресот. Откако спасувачите ја ископале, соседот ја пресекол папочната врвца, а потоа итно го однеле бебето во детската болница во блискиот град Африн, каде што била задржана во инкубатор, изјавил докторот на бебето, д-р. Хани Маруф, објави АП.

Уште еден мал херој е спасен! Босо на зимски температури успеа да преживее! 

Ова е фотографија од соба на млади! Но, земјотресот ја „уби“ љубовта! Или можеби не!