Ова се најефикасните природни лекови

Природните чистачи на организмот помагаат да се  отстранат различните тегоби во нашето тело. Тие се користат многу малку под изговор дека се неефикасни, но многу често тие се поефикасни од лековите.

Зеолит

Зеолитот е одличен за нашето здравје, што е докажано со многу истражувања и анализи.  Делува така што клетките ги крани со хранливи состојки, а истовремено ги исфрла отровните материи. Се пие помешан со малку вода, а може и да се стави на кожата доколку постојат рани или некои несакани промени. Експертите истакнуваат дека тој влијае позитивно на имунитетот кој опаѓа поради стресни ситуации, загаден воздух и лоша исхрана. На тој начин, тој го јакне имунитетот и метаболизмот, но го намалува и крвниот притисок, го отстранува гастритисот и мачнините во желудникот, афтите и каменецеот на забите.

Зеолитот придонесува за исфрлање на вишокот течности од организмот, ги смирува алергиите, го помага чистењето на црниот дроб и другите органи. Ја регулира хипертензијата и холестеролот и го спречува развојот на артеросклероза и дијабетес. Масажата со зеолит измешана со крема за тело ги чисти поткожните масни наслаги и ја прави кожата затегната и мека.

Ефектите не може да се очекуваат веднаш, туку потребни се 3-6 месеци за позитивни резултати.

Медицински јаглен

Активниот или медицински јаглен е уште еден чистач на организмот, така што неговата површина може да апсорбира 1000 пати поголема количина на токсини, атоми и јони од неговата тежина. Служи за прочистување на водата и воздухот, а во медицината особено е прифатен бидејќи се користи за брзо делување во ургентни ситуации предизвикани од различни отрови.

Активниот јаглен игра главна улога кај предозирањето со лекови, труење со пестициди, жива, олово и слични хемиски елементи.

Исто така, се покажал како многу делотворен за подобрување на квалитетот на кожата, избелување на забите, елиминација на гасови, смирување на стомакот и желудникот и ублажување на мачнините.

Јагленот не би требал да се пие често бидејќи ја намалува способноста на организмот да ги апсорбира природните состојки на храната, а тој не се препорачува да се конзумира и со друга терапија, бидејќи го намалува дејството на другите лекови.

Сода бикарбона

Натриум бикарбонатот или попознат како сода бикарбона одамна се користи во медицината како лек. Најефикасна медицинска сода е онаа која се купува во аптеките и продавниците за здрава храна, бидејќи другата содржи алуминиум.  Содата најчесто се споменува како антацид, бидејќи кога ја пиеме измешана со вода ја неутрализира киселината на желудникот која доведувс до појава на гасови.

Таа е и одличен антисептик бидејќи уништува одредени видови паразити и бактерии. Кога ќе ја ставиме на четката за заби, таа истовремено ја дезинфицира четката, но и нашите заби. Содата бикарбона ја воспоставува основната РН вредност на организмот, така што ја намалува киселоста, која е причина за многу болести, како остеопороза, артритис, гихт, но и рак.  Таа е особено корисна во лечењето на уринарните инфекции.