Во време на пандемија на коронавирусот и грип, многу луѓе се осврнуваат на алтернативната медицина како заштита од болестите и тоа со добра причина.
Лук и кромид
Тие имаат силни антибактериски и антибиотски својства. Според фармаколошките наоди, во време кога антибиотиците не постоеле, кромидот и лукот помагале за превентива и лечење на многу болести.
Ѓумбир
Тој е повеќенаменски зачин кој се користи во кујната, но и за медицински цели. Ѓумбирот може да се конзумира свеж, во прав, како масло, таблети и тинктура. Тој го спречува гадењето и главоболките, а претставува и еден од најдобрите начини да се заштитиме од воспаленија и инфекции во нашето тело.
Кокосово масло
Ова масло се користи како природен антибиотик и е особено корисно кога станува збор за женското здравје. Тоа ја спречува појавата и помага при лечењето на кашлица, но и кандида, брадавици и воспаленија.
Јаболков оцет
Овој природен напиток е корисен поради мноштвото антиинфламаторни својства. Помага кај проблеми со кожата, но и кај артритис и одредени проблеми поврзани со дигестивниот систем.
Мед
Медот е познат како природен антибиотик, кој е одличен за превентива од различни воспаленија. Помага и во зацелувањето рани, а одлично да се зема една лажица барем еднаш дневно.