Ова се најдобрите начини да го преболите раскинувањето

Секоја личност на различен начин се справува со скршеното срце, но сите знаеме дека тоа е една од најлошите ситуации во кои можеме да се најдеме во животот. Постојат многу начини како да си помогнеме себеси во таквите моменти, но некои функционираат, некои пак не.

Сепак, науката има одговор.

Истражувачите на универзитетот Мисури анализирале три најчести стратегии кои луѓето ги користат за да ги преболат раскинувањата. Следеле 24 испитаници на возраст од 24-37 години кои прекинале врски кои траеле помалку од 3 години. Тие биле поделени во четири групи, со што се сосредоточиле на еден од трите механизми на справување со болката.

Првата група истакнала дека имале негативни размислувања за своите бивши. Вторите го прифатиле тоа што се случило и признале дека чувствуваат љубов кон партнерот од таа врска, а третите пак се фокусирале на работи кои не се поврзани со прекинатата врска. Четвртата група не спаѓала во ниту една од првите три.

Потоа од испитанциите било побарате да пополнат прашалник, со тоа што ќе се направи обид да се измери емоционалната поврзаност кон бившите партнери. Истражувачкиот тим утврдил дека сите стратегии функционираат, но дека постојат ограничувања.

Првата група истакнала дека почувствувале помала љубов, но дека биле многу негативно расположени. Вторите не се чувствувале подобро и нивната љубов кон поранешниот партнер не се променила. Третата група пак рекла дека се чувствувале посреќни, но дека таквиот пристап не променил што чувствуваат во однос на бившите.

Ова истражување покажува дека ниту еден од овие методи не претставува добро долгорочно решение, но дека тие би можеле да го олеснат прекинот на врската. Всушност, според научниците, преболувањето не се случува преку ноќ, односно треба време за тоа.