Ова се најдефицитарните 5 професии во Република Македонија

Ова се најдефицитарните 5 професии во Република Македонија. Нови огласи секој ден, а работници е многу тешко да се најдат. Ниту се бара искуство, ниту се бара високо образование, а платите се движат од 500 до 2.000 евра. Потсетуваме, не се работи за програмери!

За оваа професија голем интерес за работници покажуваат и домашните и странските компании. Не поминува ден без да се отворан нови слободни позиции на кои се вработуваат по десетици нови лица од кои поголемиот дел немале претходно работно искуство. Платите се движат од 15 до 30 илјади денари, а може да се аплицира со завршено средно образование. Работата е релативно лесна, а за почетниците има платена обука. Доколку се сметате за мотивирана, тимска и одговорна личност, поседувате повеќе од потребните квалификации за оваа работа. Се работи за професијата ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО.

Уште 1 работна позиција која се разликува од претходната само по тоа што наместо во секторот за производство се наоѓа во секторот за набавки и складирање, но она што е заедничко е исто така големата побарувачка за работници кои работат на оваа позиција. За неа, посебен интерес покажуваат странците, и тоа реномирани компании од автомобилската и технолошката индустрија. Доколку сакате да работите со пополнување на образци и формулари во магацин – тогаш треба да се вработите како МАГАЦИОНЕР! Има понуди со или без работно искуство, а платата достигнува до 25.000 денари!

За третата професија се карактеристични енормно високите плати до 2.000 евра! И покрај високите плати, компаниите имаат проблем да пронајдат индивидуи кои одговараат на нивните барања. Се работи за професијата АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР – работната позиција ви е пред телефон, а најчесто соработувате со странци. Добивате одлични услови за работа, неработни викенди, па и скратено работно време.

Четвртата професија е во секторот услуги. Како ви изгледа редовна месечна плата од 20-30.000 + дневни бонуси од 500-1000 денари? Атрактвино? Ако е така, не ја пропуштајте шансата да се вработите како КЕЛНЕР/КА во некој од пореномираните угостителски објекти. Се вработуваат лица кои имаат исклучителна дарба да работат со луѓе, кои се љубезни, и кои се лојални.

Петтата позиција за која постојат голем број на слободни работни места е многу скромна во своите барања. Не бара да знаете јазик, не бара да имате искуство и не бара да имате високо образование. Платите се движат од 300 евра па нагоре, а доколку имате среќа да се вработите во странство може да заработувате и до 2000 евра! Единствениот услов што треба да го исполните за да работите како ВОЗАЧ е се разбира возачка дозвола.