Ова се најчитаните книги во Македонија - еве која го сруши рекордот

Онлајн книжарницата КупиКнига.мк ја објави топ 20 листата на најпродавани книги во Македонија во  2015 година, на која  на  прво место е  книгата „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо. Тој воедно е и најпродаваниот автор минатата година со четири дела во топ 20 листата, од кои на високото трето место е и неговата  книга  „Спаси ме“.

На второ место на листата е Зозе Мургоски со својот Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика. Мургоски е единствен македонски автор чие дело е меѓу најпродаваните 20 книги. 

- Трендот на купување книги од жанрот на белетристиката  трета година по ред е најактуелен. Трилерите, љубовните и еротските книги се најинтересни за читателите, изјави Елена Јолевска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк.

Во прилог е целосната листа на  20 најпродавани книги во 2015 година што ја објави КупиКнига.мк:

1. Ако не постои утре - Гијом Мисо
2. Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика –
Зозе Мургоски
3. Спаси ме - Гијом Мисо
4. Една неодолива љубов - Џули Џејмс 
5. И одеднаш едно лето - Џули Џејмс 
6. Кога мене ќе ме нема - Колин Оукли
7.Тајната на сопругот - Лиен Мориарти
8. Греј - Е. Л. Џејмс 
9. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 - Јелена Бачиќ Алимпиќ 
10. Во врска со онаа ноќ - Џули Џејмс 
11. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
12.1984 - Џорџ Орвел
13. Големи мали лаги - Лиен Мориарти 
14. Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ-Алимпиќ 
15. Седум години подоцна - Гијом Мисо
16.Светот не е фабрика за исполнување желби - Џон Грин 
17. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите - Робин де Рајтер 
18. Ејми ја нема - Џилијан Флин 
19. На една свадба - Џули Џејмс 
20. Казна за грех - Ноќ када су дошли сватови - Јелена Бачиќ-Алимпиќ 

КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги, кој е всушност агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Во неговата понуда се над 47.000 изданија на македонски, српски, англиски и на албански јазик од најразлични жанрови.

cheap nike free run 5.0