Сите знаеме дека како ќе ни почне утрото, таков ќе ни биде и остатокот од денот.
Затоа, главоболките никогаш не се добар начин да се започне денот. Утринската главоболка може да биде резултат на различни промени и проблеми во физичкото и менталното здравје.
Ова се најчестите од нив.
Дехидратација на организмот
Ако во текот на денот не пиете доволно вода, можно е да се јави проблемот со дехидратација во вашето тело, а тоа да предизвика мачнини и главоболки наутро. Потрудете се секој ден да внесувате околу 2 литри вода, што ќе ви помогне да го намалите ризикот од дехидратација.
Лош квалитет на сонот
Луѓето кои патат од несоница имаат зголемен ризик од утрински главоболки, но и пад на имунитетот, воспалителни процеси и кардиоваскуларни заболувања. Научниците и докторите утврдиле дека постои директна поврзаност меѓу лошиот квалитет на сонот и мигрената. Затоа, пробајте да одите на време навреме, да спиете на пријатна перница и да направите убав ритуал со купка пред спиење.
Депресивно расположение и анксиозност
Ваквите состојби често предизвикуваат главоболки кои не поминуваат со лекови против болка. Најчесто, помош за ова се долгите прошетки во природа, повеќе време настрана од технологијата, медитација и масло од еукалиптус и лаванда.