Ова се годините во кои жените најмногу уживаат во сексот

Доколку помисливте дека станува збор за дваесеттите, се лажете!

Истражувањата покажаа дека сексот е подобар на постара возраст. Така, во едно истражување, 37 % од женските и 34 % од машките испитаници признале дека 40-те години се најдобри за секс. Истражувањето опфати 828 испитаници. Научниците кои работеа на ова истражување изјавија: „20-годишниците имаат повеќе секс, но 40-годишниците навистина уживаат во сексот.“ Причината е во тоа што 40-годишниците имаат помалку комплекси и повеќе искуство. Овие причини докажуваат зошто на постара возраст сексот е подобар:

Луѓето над 40. години имаат поголема самодоверба

Тие точно знаат што сакаат, не се срамат од звуците или движењата што ги прават за време на сексот, и не се грижат поради целулитот или неколкуте брчки. Значи, сексот на постара возраст е многу порелаксиран, па затоа е и подобар.

Повозрасите  жени постигнуваат подобар / поедноставен / побрз оргазам

Со години сите уживаме во сексот . И ова е голема предност кога станува збор за посакуваниот оргазам – жените над 40 години имаат помалку проблеми да стигнат до врвот. Едно истражување покажа дека 40% од 20-годишните девојки имаат проблеми со постигнување на оргазмот, додека само 20% од жените во четириесеттите години го изјавија истото.