Ова се двата најверни знаци во хороскопот

Од сите 12 знаци во зодијакот, два  знаци се издвојуваат по својата посветеност, предаденост и верност.

Рак

Родените во овој знак се одличен избор кога ви е потребен добар пријател или партнер. Тие се многу интуитивни и проникливи и ако сметаат дека им одговарате, тие во целост ќе ви бидат посветени. Не поднесуваат лаги и неверство, па ако сте во врска со претставник од овој знак потрудете се во одредена мера да ја возвратите таквата лојалност.

Јарец

Тие се многу посветени на сите оние кои ги сакаат. Дури и кога ќе се јави и најмал проблем кај оние кои ги сакаат, тие почнуваат со негово решавање, дури и кога другата личност не е свесна за тоа. Јарецот ќе направи сè што е потребно за да го врати сјајот во долгата врска и да ја врати на правиот пат.

Вистинска привилегија е да имате претставник од овој знак за свој партнер или пријател.