Ова се добитниците на наградата „Св.Климент Охридски“

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година во областа на воспитанието и образованието им се доделува на дефектологот Горан Ајдински и на теологот, библист и филолог Ратомир Гроздановски. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на  поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, а во областа на здравството наградата и се доделува на доц. д-р. Сци Аспазија Софијанова, педијатар. 

Ова е одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на седницата одржана на 23 ноември годинава.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2015 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.