Предупредувањето веќе е поставено на поедини плажи, оваа година туристите ги чека јасна порака.

Сите оние кои со години одат на летување каде што носат фрижидери со храна, сендвичи, пијалок или овошје во кеси, во Грција тоа не ќе можат повеќе да го прават. Имено, многу туристи во грчките летувалишта ќе ги пречека јасно обележена табла за забрана на носење храна на плажа.

Ова предупредување се наоѓа на поедини плажи. На популарната Ситони една од омилените дестинации на наши туристи се појавила табла на која стои натпис на кирилица: "Нема јадење и пиење на плажа", покарај е знак со на кој прешкртани се храната и пијалокот.

Со ова туристите сега се условени освен да плаќаат изнајмена лежалка и чадор, ќе мора да потрошат и некое евро за храна и пијалок

- Кафе баровите чии плажи се нивни, за своите гости нудат лесни оброци, салати и сендвичи, со што принудени сте да нарарачате храна од кафе-барот чија понуда можеби и нема да ви се допадне. Некои газди на барови одат дотаму забрануваат носење овошје, кекси за деца и вода. Кога едно четворо семејство плати 10 евра за два часа лежалка на популарните плажи мора да смета на дополнителни 39 евра кои одат на храна и вода – велат од агенцииите кои потврдиле дека за новиот тренд во Грција каде има забрана за носење храна на плажа.

Како за информација во баровите на плажите еден оброк чини од 7 до 15 евра, сокови од 1 до 2,5 евра, капучино од 2 до 3,5 евра. шишенце вода 50 центи.

Во скалад со ова оди фактот дека се помалку се неорганизирани диви плажи на кои туристите можат да носта што сакаат, бидејќи сите се изадени под закуп, а последен пример е Ситони каде што издаена е популарната плажа Кариди.

Инаку дека не се само балканците кои носат храна со себе покажува и случајот кој газда на еден ресторан кој и го раскажува случајот кога шест Американски туристи во неговата таверна на Крит сосебе донеле храна во хотелот во кој престојувале.