Ова македонско училиште е одличен пример: Бетонот оживеа за креативна едукација!

Убав и оригинален пример пристига од ОУ “Ристо Шуклев” во гевгелиското Негорци. 

Четки, бои, малку фантазија и многу љубов - резултатот е видлив. Едукативни содржини од сите области: математика, јазична писменост, природни науки, географија, музика, спорт, уметност...

-Цртавме во ходниците, училниците, по скалите, ѕидовите, во училишниот двор...Бетонот оживеа, а училиштето стана пријатно место за престој на учениците, велат наставниците и учениците од ова училиште кое несомнено е место каде учениците со задоволство учат и другаруваат. 

Еве како изгледа внатрешноста на училиштето со инспиративните едукативни катчиња: