Ова ли се кандидатите за градоначалници на „Европскиот фронт“: Османи во Чаир, Села во Струга, Таравари во Гостивар?

Падна договор во „Европски“ фронт за поделба на кандидати за градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ се откажува од Рамиз Мерко), Бујар Османи оди во Чаир, а новопечениот коалиционер Арбен Таравари пак ќе „напаѓа“ за Гостивар, дознава Курир.

Партијата на Села го „доби“ и Дебар, каде одат со кандидатот Тирон Јајага, како и за Арачиново со Дритон Небиу.

Како што пишува Курир, ДУИ ќе се „фајта“ и за Липково со Еркан Арифи, во Тетово со Бајрам Реџепи, Боговиње со Бесник Емшиу, Желино со Емир Сулејман, Брвеница со Аркин Јахији, Чашка со Суат Шакири и Пласница каде оди Алија Јаоски.

Таравари и неговата партија имаат кандидати за Врапчиште со Исен Шабани и Сарај каде одат со кандидатот Блерант Рамадани.