Ова лето изберете се себеси

Се чувствувате празно, уморно, истоштено? Можеби премногу време посветувате на другите луѓе, а премалку време и внимание си давате себеси.

Ова лето изберете се себеси.

Бидете си себеси приоритет.

Ставете ги вашите потреби пред туѓите.

Зборувајте за нештата кои ви значат.

Тргнете по своите соништа.

Посветете си внимание за нештата кои ви значат.

Изгубете се и пронајдете се себеси.

Погрижете се за своите чувства. И за своите спомени.

Заборавете на луѓето кои не ви носат среќа и убави чувства. Напуштете ги отровните пријателства.

Покажете им на оние кои ги сакате колку ви значат.

Чекајте го изгрејсонцето со личноста која ја сакате.

Бидете ранливи.

Бидете свои.

Бидете среќни.

Зборувајте кога ви се зборува, молчете кога немате зборови.

Патувајте сами.

Побарајте го од животот тоа што секогаш сте го сакале. Потрудете се да го добиете тоа.