Ова ќе ви го разубави денот: Среќата е она што самите го создаваме!

Нашиот живот се нашите мисли, зборови и дејства.

Како изгледа вашиот живот досега? Дали сте позитивни, потиштени, среќни или депресивни? Ние ви откриваме кои позитивни пораки можете себеси да си ги праќате за да бидете посреќни.

Секој може да ја напише сопствената среќа животна приказна. Ова се некои работи кои секој ден можете да ги правите за себеси. Денес кажете си самите на себе:

Имам избор.

Тука не се работи за вашите таленти и способности, туку за можностите и изборите кои ги имате секој ден, она што секој ден го избирате ја одредува вашата судбија. Вие сте она што го бирате. Сега сте таму каде што сте поради одлуките кои сте ги донеле во животот.

Придвижи се.

Многу работи можете да направите со своите идеи, но имањето цел е нешто повеќе од обична умствена желба. Без преземање дејства, целта е лага. Вашите одлуки нека станат реалност и на своите цели и желби дајте им време за да се остварат. Што и да сакате да постигнете, овој момент е вистинско време за да се придвижите.

Имам се што ми е потребно за успех.

Нашиот најлош внатрешен пријател е сомневањето во себе. Моментот во кој се прашувате дали можете да направите нешто всушност е моментот кога сте најдалеку од постигнување на целите. Морате да верувате во себеси. Можеби сте нервозни, но недозволувајте сомнежот во самите себе или каква било негативност да ве увери дека немате се што ви е потребно за успех. Не дозволувајте вашите сомнежи да ве спречат да се обидувате. Потсетете се на некои минати успеси и изговорете ги на глас. Најдете сила во некои победи од минатото.

Како можам некому да помогнам?

Добиваш тоа што го даваш. Генерално гледало, најнесреќните луѓе се оние луѓе кои се свртени самите кон себе, а најсреќните луѓе се оние кои потполно се предаваат на другите и им помагаат на оние кои имаат помалку среќа. Среќа е да се дава без очекувања. Ако навечер кога ќе си легнете знаете дека барем на една личност сте и го разубавеле денот, имате причина да се насмеете.

Погледнете колку далеку сте стигнале.

Со малите чекори правите големи работи. Погледнете назад и ќе видите што се сте направиле, не чекор по чекор, туку во целост. Достигнувањето е цел процес, а не само еден настан. Дајте си самите на себе аплауз за сите мали и големи работи кои сте ги постигнале. Ќе бидете задоволни и среќни. Бидете самоуверени и горди на својот успех.

Имам сосема доволно за да бидам среќен.

Најсреќните луѓе не се оние кои имаат најдобри работи и луѓе на кои не им се случува ништо лошо, туку оние кои од малите работи прават големи и уживаат во тоа што го имаат. Луѓето се несреќни затоа што размислуваат за она што им недостасува во животот, наместо да бидат благодарни за она што го имаат. Престанете да посакувате да бидете некој друг или да имате нешто друго. Почнете да го цените своето тело и искористете го вашиот потенцијал.

Празниот простор значи тишина.

Тишината значи мир. Сила. Колку повеќе уживате во тишината, подобро ќе се слушате себеси. По брзиот и стресен ден, уживањето во тишината е скапоцено. Моментот кога ќе ја затворите вратата од станот, а пред себе имате празен простор во кој нема бучава, шумови и имате мир – тоа е само за вас. Тишина. Ценете ја и уживајте во неа. Седете и уживајте во тишината, во своето дишење, неправејќи ништо.