„Ова е заедничка борба“ - студентите денес пред Влада

Денеска, во 17.30 часот, студентите ќе се упатат пред Владата на Студентски марш, за повторно да ги истакнат своите барања. 

Воедно, ќе го одбележат и Меѓународниот ден на студентите. 

Информираат дека ќе ги соопштат следните барања:

-Подобар студентски стандард
-Подобри студентски домови
-Изедначување и зголемување на стипендиите
-Спроведување на законот за студентски оброк
-Квалитет на образование
-Дигитализација

Организатори на настанот се сите универзитетски собранија и организацијата студентски отпор.