Ова е за тебе: Осамена, но силна жена која може да победи сѐ

Ова е за тебе драга моја. Ако се чувствуваш осамена, ако сама се бориш и сама минуваш низ деновите.

Ова е за тебе, ти која однадвор изгледаш како лавица, силна и јака, а одвнатре си слаба и кревка. За тебе, жена која почнува да верува во својата лажна насмевка. Ова е за тебе, драга, ти која никогаш не се откажуваш.

Ова е за тебе, ти, која пеколно се бориш, без оглед на ударите на животот. Ти, која се креваш секојпат кога ќе паднеш. Ти, која никогаш не прифаќаш помалку отколку што заслужуваш.

Ова е за секоја жена која се бори за нешто поголемо од себе. За жена која вика „Ајде, пробај ме“, наместо да шепоти „Зошто јас?“. Ова е за храбрата жена која секогаш не се чувствува одважно.

Ова е за жената која се смешка преку ден, а плаче пред спиење. За жената која не мисли дека е доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти, која мислиш дека не заслужуваш среќа.

Ова е за жената која се чувствува непривлечно, несакано. За жената која понекогаш има чувство дека ѝ е преку глава. За жената која премногу се грижи, за жената која премногу им дава на другите, која премногу се труди, која предобро знае што е разочарување.

Овие зборови се за тебе, ти, која љубиш премногу, особено оние кои не го заслужуваат тоа. Ти, која даваш толку многу, а добиваш толку малку. Ти, која си премногу скршена за повторно некогаш да сакаш. Ти, која се бориш сама со себе и непотребно се влечеш себеси надолу.

За жената која го живее својот живот преку цитати, држејќи се за сѐ што прави да се чувствува помалку осамено.

Ова е за тебе, жената која верува дека може да го промени светот, за жената со страст. За жената која се сака самата себе, на која не ѝ е потребен никој за да се грижи за неа. За жената која може сѐ да направи сама, за жената која е независна и силна.

За жената која никако не може да победи. За жената која е најдобра пријателка со болката и одбивањето. Која се труди и труди и на крајот сепак останува повредена. За жената која не може да земе здив, која не може никако да го освои успехот.

За секоја жена која се сомневала во себе. Која сѐ уште ги доведува во прашање сопствените квалитети. За секоја жена која понекогаш се мрази себеси.

Ова е за онаа жена која точно знае што сака од животот. За жената со големи цели и уште поголеми соништа. За жената која нема да дозволи нешто да ѝ застане на патот. За жената која секогаш кажува што ѝ лежи на срце, која не се плаши да се заземе за себе.

Ова е за жената која знае какво е чувството да бидеш потполно уништена од страна на друго човечко битие. За сите жени кои некогаш биле емотивно убиени и успеале повторно ја пронајдат љубовта.

Ова е за тебе, за да знаеш дека не си сама, нѐ има уште многу такви. Ова е за да знаеш дека вредиш и дека твојот живот има смисла и цел. Постоиш затоа што некому секогаш ќе бидеш сѐ. Да се потсетиш дека си доволна, дека си прекрасна, паметна, одлична и дека можеш да постигнеш сѐ што сакаш да постигнеш.

Заслужуваш да бидеш сакана. Ја заслужуваш љубовта за која отсекогаш си сонувала.

Не си сама и никогаш нема да бидеш сама – ние ќе бидеме тука.