Ова е за сите силни жени!

Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица, а одвнатре си слаба и кревка. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе, ти која пеколно се бориш, без оглед на тоа што животот ти носи. Ова е за тебе, ти која се креваш секојпат кога ќе паднеш.

За тебе која не се помируваш со ништо помалку од тоа што го заслужуваш.Ова е за секоја жена која се залага за нешто поголемо од неа. За жена која вика: „Предизвикај ме“, наместо тивко да каже: „Зошто јас?“

Ова е за храбрата жена која не се чувствуваш секогаш важно. Ова е за тебе која мислиш дека не си доволно добра, доволно убава и доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа. Ти која премногу се грижиш, ти која премногу им се даваш на другите, ти која премногу се трудиш, ти која предобро знаеш што значи да си разочарана.

Овие зборови се за тебе, ти која сакаш премногу, особено оние кои тоа не го заслужуваат. Ти која толку многу даваш, а на крајот те оставаат со скршено срце. За жена која го живее својот живот низ цитати, држејќи се за оние кои помагаат за да се чувствува помалку осамено. Ова е за тебе, ти која веруваш дека можеш да го промениш светот. За тебе, ти која можеш се сама, ти која си независна и силна. За секоја жена која се сомневала во себеси. Која се уште ги става своите способности под знак прашање. Ова е за онаа жена која точно знае што сака од животот.

За жената со големи цели и уште поголеми соништа. За онаа жена која нема да дозволи нешто да и застане на патот. За тебе, која секогаш кажува што мисли. Ова е за тебе, која знае какво е чувството да бидеш потполно уништена од страна на друго човечко битие. Ова е за тебе, да знаеш дека не си сама,  дека нѐ има уште многу такви. Ова е да знаеш дека си вредна, дека постоиш затоа што имаш цел. Постоиш затоа што секогаш некому ќе бидеш се што некогаш посакал.

Ова е за да се потсетиш дека си прекрасна и дека си доволно паметна и доволно добра за да постигнеш се што сакаш да постигнеш.

 

cheap nike air max 90