Ова е за нескротливите жени кои се создадени за нешто поинакво...

Ова е за одлучните, истрајни божици кои ја бараат вистината. За мудрите жени кои секогаш, одново и одново, ќе одберат да го следат своето срце. За преслатките сами кои секогаш ќе ја чувствуваат земјата под своите стапала, за креативните, темпераментни жени кои внесуваат соништа измиени од сонце, осветлени од месечина, ветровити и ѕвездени соништа и тоа го прават секој ден, не обрнувајќи внимание ни на сонцето, ни на дождот. 

Ние сме силни и збунувачки, комплицирани и моќни, волшебни и возбудливи, ние сме создадени за нешто многу повеќе. Ние никогаш нема да бидеме среќни во бела кујна, со цветни покривки за маса, со совршена пунџа на главата и внимателно нанесен кармин кој ги маскира лажните насмевки, играјќи улога на совршени сопруги или совршени мајки. Нашите срца би се загушиле. Нашата душа би вриштела. Ние никогаш не би биле среќни работејќи во канцеларија од 8 до 16 часот, гледајќи како часовникот полека отчукува, додека нашите души се згрчуваат под зуењето од флуросцентното светло, спречувајќи нè да дишеме свеж мирис на ветар и цветови. 

Ние никогаш не би биле среќни пиејќи шампањ, зборувајќи за висока мода, за најновите диети. Никогаш не би биле среќни со размена на рецепти за вечера и теми за тоа како да освоиме маж. Нас всушност воопшто не ни е гајле за тоа. Сакаме да зборуваме за душата. За вистината. За магијата. За смртта. За борбата. За светската болка. Сакаме да стоиме и да го чувствуваме ветерот на нашата кожа. Да, долго време се боревме против самите себеси. 

Се обидувавме да ги скротиме своите диви крилја и срце и да ги ставиме во пластични шаблони на она што би требало да бидеме. Но, не успеавме. Нам ни е судено да плачеме со дождот и целосно да го живееме животот и да го живееме со полни гради. Преодредени сме да трчаме и танцуваме низ преполните улици во ритамот на тапанот кој зборува за болката во светот, со љубовта во нашите срца, со насмевки на нашето лице. Ние сме предодредени да создаваме уметност која инспирира и ги отвора тажните и затворени срца. Нашите соништа, визии и судбини мора да ни бидат на прво место. Секогаш. 

Ние не сме тука да се занимаваме со мали и незначајни работи, да бидеме пластични Барбики со празни и безживотни срца, ние сме тука за да создаваме бранови, да бркаме соништа и да стоиме во пламениот оган на вистината и ние го знаеме тоа. Ние сме тука да ги проживуваме застрашувачките длабочини на нашата душа. Зошто тоа да го негираме? Да посегнеме во внатрешноста на нашата мека кожа и да ја вкусиме магијата која пулсира во нашите вени. Да го отфрлиме сè она што нè гуши, она што никогаш не ни требало да биде во нашите животи, да дадеме отпор на перење на мозоци и толерирање непотребни работи – тоа е она што ја убива нашата душа. 

Да направивме договор со нашите срца, да дадеме завет дека ќе ја слушаме таа внатрешна искра на магија, оној оган кој повеќе не може да се занемарува.

Ајде уште веднаш да си ветиме дека:

Ќе го почитуваме она што навистина сме. 

Ќе бидеме сила на светлина и љубов.

Ќе му овозможиме на нашиот ѕвезден дух да расте и да лета високо!

Извонредноста тече во нашите вени. Ние сме преодредено за нешто многу повеќе. Не дозволувајте вашите крилја да бидат ранети, тажно лежејќи на подот. Не дозволувајте вашиот дух да венее во безбојното постоење. Не дозволувајте вашата драгоцена судбина да лежи поспана и мртва. 

Не го живејте животот кој мислите дека треба да го живеете. Заборавете го зборот „треба“. Живајте го животот кој прави вашето срце да чука погласно, одговорете на повикот на вашата душа!

Пронајдете се себеси. Откријте ги вашите таленти. Споделете ја вашата магија со светот. Следете го ветувачкиот пат на својата храбра судбина. Немојте да се согласувате на празен полу-живот. Не се согласувајте на нешто што е „доволно добро“. Не се согласувајте на нешто што не е извонредно.