Ова е за храбрата жена која не се чувствува секогаш храбро...

Ова е за тебе, драга моја.

Ако се чувствуваш осамено, ако сама се бориш да го истуркаш денот.

Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица, силна, јака, а одвнатре си слаба и кревка. За тебе, ти која почна да веруваш во својата лажна насмевка. Ова е за тебе, драга моја, ти која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе, ти која толку пеколно се бориш, без оглед на тоа што ти носи животот. За тебе, ти која не се сложуваш да добиеш помалку отколку што заслужуваш. 

Ова е за секоја жена која се бори за нешто поголемо од себе. За жена која вели: „Ајде, пробај пак!“, наместо тажно да шепне: „Зошто јас?“ Ова е за храбрата жена која не се чувствува секогаш храбро. 

Ова е за жената која се смее во текот на денот, а плаче пред спиење. За тебе, ти која мислиш дека не си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа. 

Ова е за жената која се чувствува непривлечно, несакано. Ти, која премногу се грижиш, ти, која премногу се даваш на другите, ти, која премногу се трудиш, ти, жена која предобро знае што е тоа разочарување.

Овие зборови се за тебе, за жената која сака премногу, особено ги сака оние кои не го заслужуваат тоа. Ти, која им даваш сѐ на сите, а на крајот остануваш со срце скршено на милион ситни парченца. Жена која чувствува дека е премногу скршена за повторно да сака. Жена која се бори самата со себе и самата се бутка надолу. 

Ова е за жената која го живее животот низ цитати, држејжи се за сѐ што ќе направи да се чувствува помалку осамена. 

Ова е за жената која верува дека може да го промени светот, за жената со страст. За жената која се сака себеси, на која не ѝ е потребен никој, за жената која сѐ може сама, за независната и силна жена. За жената која никако не може да победи, за жената која е добра пријателка со болката и одбивањето. За жената која не успева да земе здив, која не може да успее.

Ова е за секоја жена која се сомневала во себеси. Која сѐ уште се двоуми околу своите способности, за жената која понекогаш се мрази себеси. 

Ова е за жената која точно знае што сака од животот. За жената со големи цели и уште поголеми соништа. За жената која нема да дозволи ништо да ѝ застане на патот. За жената која не се плаши да каже што мисли и која не се плаши да се бори за себеси.

Ова е за жената која знае како е да бидеш уништен од друго човечко суштество. За сите жени кои емоционално биле убиени, а сепак успеале некако повторно да пронајдат љубов. 

Ова е за тебе, за да знаеш дека не си сама, дека нѐ има многу такви како тебе. Ова е да знаеш дека вредиш, дека постоиш затоа што имаш цел. Постоиш затоа што некому ќе бидеш сѐ. Да се потсетиш дека си доволна, дека си прекрасна, паметна и дека можеш да постигнеш сѐ што сакаш да постигнеш. 

Заслужуваш да бидеш сакана. Ја заслужуваш љубовта која отсекогаш си ја сонувала.

Не си сама и никогаш нема да бидеш сама, ние сме тука!