
Македонската бодибилдинг икона, Тоше Зафиров сподели интересно видео од приватна дружба со македонскиот пеач Спасен Силјановски и српскиот „жесток момак“ Кристијан Голубовиќ.
Во видеото наводно Тоше Зафиров пристига и иницира физички конфликт со Кристијан Голубовиќ, кој потоа преминува во буткање со рака, а сето тоа пробува да го исконтролира пеачот Спасен. На крајот видеото завршува симпатично интересно што наведува дека станува збор за хумор.
„За малку избегната тепачка со Кристијан Голубовиќ. Конечно реванш и победа после неколку години. Кој не го познава Кристијан станува збор за навистина природно јак човек, напиша во објавата Зафиров.