Ова е сликата на скопското Маџир маало - oблаци од прашина како во Сахара кога дува ветер, а кога дождот ќе заврне, кал до гуша

Облаци од прашина како во Сахара кога дува ветер, а кога дождот ќе заврне- кал до гуша. Ова е сликата на скопското Маџир маало кое се наоѓа веднаш до строгиот центар на градот.

Купишта шут, градежни материјали, прашина, кал и смет. Во таква околина со месеци живеат жителите на Маџир маало, а локалната власт не превзема ништо околу ова.

-Оваа состојба која е на сликите е од месец април 2018 и станува се полоша и полоша, истакнуваат жителите на оваа маало за КУРИР.

Велат, се гушат, живеат како во депонија, не можат ниту прозорец да отворат.

Опасно е и за децата, но вознемирените жителите се немоќни било што да сторат.