Џенифер Лопез на сите ни е позната како личноста која никако не им се предава на годините.
Photo: Divulgação/Delola
Таа изгледа одлично, а покрај вежбањето, често читаме за нејзините здрави навики во однос на исхраната.
Како таа го започнува денот? Со смуди кое е доволно хранливо за да замени цел оброк.
Потребни состојки:
1 смрзната банана
1 шолја оризово млеко
Малку спанаќ
1 лажица путер од бадеми
Малку протеин
Најдобро е да ги искомбинирате сите состојки во блендер, за да ја добиете потребната конзистентност. Тоа ќе ви даде енергија за целиот ден, без оглед на тоа што можеби ги немате истите обврски како оваа позната пејачка.
Уживајте во убавиот вкус.