Ова е најверниот хороскопски знак

На нивната љубов и предаденост можете да сметате целиот живот. Штом еднаш ве засакаат, ќе ви ја дадат сета љубов која ја имаат во себе.

Станува збор за Раковите.

Тие целиот живот копнеат за стабилна и длабока емотивна врска, полна со љубов во која нема место за лаги и неверства. Кога ќе се заљубат, се заљубуваат до крај и размислуваат долгорочно бидејќи секогаш бараат личност со која ќе изградат дом и основаат семејство.

За саканата личност се подготвени да направат се, но очекуваат исто и за возврат. Многу се чувствителни, но сакаат кога љубовта им се докажува. Ако наидат на препрека, никогаш нема да дозволат ништо да застане на патот до нивната љубов. Своите партнери секогаш ги ставаат на прво место  и стојат во нивна одбрана, кога тоа е потребно.

Раковите се најголеми поборници на верноста, бидејќи за нив тоа е најголем знак на почитување кон саканата личност. Ја сакаат стабилноста и нема да се одлучат да бидат со личност на која не и веруваат многу.

Им одговараат Вагите, кои се познати борци за правда, но и традиционалните Јарци и Девици, кои се трпеливи личности.