Ова е најважната техника што секој маж треба да ја применува во сексот

Повеќето мажи доживуваат оргазам после неколку минути пенетрација и сметаат дека тоа е доволно. Меѓутоа дали се прашуваат што има партнерката да каже во врска со тоа?

Одложувањето или контролирањето на оргазмот е техника со која мажот намерно го продолжува сексуалниот чин во корист на својата партнерка. Со други зборови, тоа е нешто што секој маж би требало да го прави, доколку на неговата партнерка и треба повеќе време за да стигне до оргазам.

Техниката е едноставна, кога мажот ќе почувствува дека е блиску до оргазам, треба да застане за кратко, потоа пак да продолжи и така неколку пати.

Нема ништо полошо од себичен партнер кој мисли само на сопственото задоволство. Сексот би требало да биде забава за двајца, и двајцата партнери да уживаат и да бидат задоволни. Освен тоа не е се во пенетрацијата. Повеќето забораваат колку е важна предиграта која повеќето жени ја ставаат на прво место, но нивните партнери тоа го игнорираат.