Ова е најубавото јадење на светот!


Македонската кујна е рај за стомакот ама и за очите. Така, секогаш едно од омилените јадења на македонските гурмани е безвременскотл, вкусно и незаборавно гравче-тавче.

Доколку досега никогаш не сте го подготвиле ова јадење или пак сакате да испробате нов начин за подготовка, тогаш овој текст е за вас.

За да го подготвите легендарното јадење потребни ви се следните сосотојки.

  • 500 грама грав
  • 1 главица кромид
  • 2 суви црвени пиперки
  • 50мл масло
  • сол и црна пипер
  • Буковска пипер
  • суво нане

 Подготовката е брза и лесна, ако во истата внесете љубов и желба да го направите најубавото јадење во вашиот живот.

Најпрво, гравот се чисти, се мие и се става во тенџере. Се додава ладна вода и се остава да отстои преку ноќ. Гравот се цеди и се става во тенџере со чиста вода. Штом водата зоврие, истата се истура и се додава нова вода. Потоа, во тенџерето се додаваат излупената главица кромид и сувите пиперки. Гравот се вари додека да омекне. Кон крајот на овој процес се вадат кеомидот и пиперката во чинија и се пасираат. 

Кога ќе завршите со овој процес, во тава на оган се става 50мл масло да се загрее, па се додаваат кеомид, црвена пиперка и црвената пипер, па се запржуваат. Запршката се меша со гравот во тенџерето додека состојките не се соединат. Вака приготвената содржина се става во земјена тава, во загреана рерна од 250 степени. Се печи околу 20 минути.

Тавче- гравчето се служи топло!